Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Политика»Левица е за укинување на техничката владa, под услов да има една изборна единица
    Политика

    Левица е за укинување на техничката владa, под услов да има една изборна единица

    09/01/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    – Техничката влада функционира како „фасада и привид на фер и демократски избори“, зад која продолжуваат политичката нееднаквост, селективноста и цензурата. Укинувањето на техничката влада би било прифатливо само доколку е проследено со вистински, а не декларативни демократски реформи – велат од партијата.

    Како клучен предуслов, Левица го посочува воведувањето на една изборна единица, со цел секој глас да вреди еднакво. Вториот услов е укинување на политичката цензура и обезбедување еднаков пристап до медиумско претставување за сите политички субјекти.

    Од партијата потсетуваат дека на последните избори, токму Левица, иако парламентарна партија, поради правна празнина, била единствената на која ѝ било оневозможено политичко рекламирање. По изборите, како што наведуваат, биле предложени законски измени за надминување на оваа дискриминација, но истите не биле прифатени од владејачкото мнозинство.

    – Институциите не се созреани и досегашната пракса со техничките влади не донесе фер и демократски избори без институционални злоупотреби – велат од партијата и додаваат дека, според нив, техничката влада се покажала како механизам за дополнителни злоупотреби и параван за задоволување на интересите на владејачките и коалициските структури.

    Во соопштението се наведува и дека за време на мандатите на техничките влади биле носени системски закони по скратена постапка и биле штитени интереси на моќни бизнис и урбанистички лобија.

    – Демократијата не се мери со бројот на договори меѓу партиските елити, туку со тоа дали гласот на секој граѓанин вреди еднакво и дали секоја политичка опција има право да биде слушната – порачуваат од Левица, додавајќи дека нема да учествуваат во, како што велат, „шминкање на системот“ без суштински реформи.

    За крај, од партијата потсетуваат дека воведувањето една изборна единица е и предизборно ветување на ВМРО-ДПМНЕ, повикувајќи ги да не отстапуваат од сопствените заложби.

    Поврзани вести:

    СДСМ тврди: Деца однесени во казино во Монте Карло за директорката да се коцка

    СДСМ тврди: Деца однесени во казино во Монте Карло за директорката да се коцка

    Собранието денеска расправа за повеќе законски измени и национални програми

    Собранието денеска расправа за повеќе законски измени и национални програми

    Владата го усвои предлогот за измени на Буџетот за 2026 година

    Владата го усвои предлогот за измени на Буџетот за 2026 година

    СДСМ: Левица не беше во салата за гласањето за минимална плата од 600 евра

    СДСМ: Левица не беше во салата за гласањето за минимална плата од 600 евра

    Мицкоски ја опиша најавената средба Муцунски – Петрова како „дијалог на коњопој“

    Мицкоски ја опиша најавената средба Муцунски – Петрова како „дијалог на коњопој“

    СДСМ обвини дека власта ја зголемува напнатоста со историски теми

    СДСМ обвини дека власта ја зголемува напнатоста со историски теми

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    СДСМ тврди: Деца однесени во казино во Монте Карло за директорката да се коцка

    09/10/2026

    Собранието денеска расправа за повеќе законски измени и национални програми

    08/10/2026

    Владата го усвои предлогот за измени на Буџетот за 2026 година

    07/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.