Долговите на училиштата во Општина Аеродром за нешто повеќе од две години пораснале од околу три на 39 милиони денари, тврдат од Левица Аеродром.
Од партијата посочуваат дека за споредба, сите училишта во Општина Чаир должат вкупно 22 милиони денари.
Левица обвинува дека значителен дел од тековните потреби на училиштата се финансираат преку донации од родителите на учениците.
Од партијата прашуваат како училиштата продолжуваат да создаваат долгови доколку родителите покриваат дел од трошоците за нивното тековно работење.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
