Електронските пионери Kraftwerk повторно доаѓаат во Скопје, по осум години пауза, овој пат со концерт на отворено, што ќе биде нивно прво такво настапување во главниот град. Концертот е најавен како мултимедијално аудиовизуелно искуство, карактеристично за бендот кој со децении го обликува звукот на модерната електронска музика.
Настапот ќе ја обедини препознатливата минималистичка естетика на Kraftwerk со нивните култни композиции, кои имаат огромно влијание врз техно, електро и поп-културата ширум светот. Организаторите најавуваат целосна сценска продукција, прилагодена за концерт на отворено, со акцент на визуелниот идентитет по кој бендот е светски познат.

Ова ќе биде редок настан за домашната публика и значаен културен момент за Скопје, имајќи предвид дека статусот на Kraftwerk e еден од највлијателните во историјата на современата музика. Концертот се очекува да привлече публика од земјата и регионот, а дополнителни информации за датумот и локацијата ќе бидат објавени наскоро.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
