Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков го обвини лидерот на СДСМ Венко Филипче дека се противи на развојот на индустријата со дата-центри во Македонија.
Според Лефков, Филипче за ова прашање има различен став и од дел од сопартијците, меѓу кои и поранешниот премиер Димитар Ковачевски, кој јавно ја поддржал изградбата на национален и комерцијални дата-центри.
Лефков тврди дека електричната енергија за дата-центрите ќе се набавува на пазарот или од обновливи извори, а дека нивното ладење нема да ги загрози водните ресурси.
Тој оцени дека националниот дата-центар ќе овозможи заштеда за државата преку обединување и поголема безбедност на податоците на институциите.
Ковачевски претходно оцени дека развојот на комерцијални дата-центри може да привлече големи технолошки компании и инвестиции во Македонија.
