Бугарскиот претседател Румен Радев денеска официјално потврди дека земјата оди на нови предвремени парламентарни избори, откако и третиот обид за формирање влада заврши без успех. Инаку, по вчерашните протести во Софија, каде што демонстрантите бараа на следните избори да се гласа електорнски, на вонредниот состанок на Комисијата за уставни и правни прашања во бугарското собрание, тоа беше одбиено.
Само 6 од 20 пратеници се согласиле со барањата на демонстрантите, а останатите, пратениците од владејачката коалиција биле против или воздржани.
Сето ова е сигнал дека ќе се продлабочува кризата во Бугарија. Кај источниот сосед во рок од 4 години ќе се одржат 8 по ред вонредни избори.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
