Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Хроника»Кривична пријава против Стевчо Јакимовски и две службенички од Општина Карпош
    Хроника

    Кривична пријава против Стевчо Јакимовски и две службенички од Општина Карпош

    15/09/20263 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против поранешниот градоначалник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, поради сомнение за кривичното дело „несовесно работење во службата“. Покрај него, кривични пријави се поднесени и против две службенички од Секторот за урбанизам во Општината, кои се товарат за „злоупотреба на службена положба и овластување“.

    Од МВР информираат дека Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за економски криминал и корупција, во координација со СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал, до Основното јавно обвинителство Скопје поднел кривична пријава против Б.Б. за четири кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“, против С.С.Ѓ. за две исти кривични дела, како и против С.Ј. за „несовесно работење во службата“.

    Според полицијата, првопријавената, како раководител на Секторот за урбанизам, и второпријавената, како вработена во истиот сектор, иако знаеле дека изводот од деталниот урбанистички план бил укинат со одлука на Уставниот суд уште во 2018 година и дека постоеле насоки да не се издаваат одобренија за градба за такви планови, сепак издале одобрение за градење на инвеститори.

    Во соопштението се наведува дека претходно и двапати биле одбиени барањата за истата локација, но откако тогашниот градоначалник потпишал договори за регулирање на надоместокот за уредување на градежното земјиште, на 23 јули 2025 година било издадено одобрение за градба. Со тоа, според МВР, инвеститорите противправно стекнале право за изградба на објект во вредност од 10.427.518 денари.

    Полицијата наведува и втор случај, во кој службеничките, и покрај тоа што основниот проект бил изработен спротивно на важечкиот урбанистички план, наместо предметот да го вратат на доработка, на 29 октомври 2025 година издале одобрение за градење. Со тоа, според пријавата, овозможиле изградба на објект вреден 13.021.914 денари.

    Дополнително, раководителката на Секторот за урбанизам се сомничи дека незаконски издала две решенија за изградба на настрешница. Според МВР, првото решение било донесено на 25 март 2025 година, иако настрешницата не била предвидена со важечкиот урбанистички план и се наоѓала на јавен простор со намена парковско и пејзажно зеленило, а не била доставена ниту целосната документација.

    Второто решение било издадено на 30 јули 2025 година, иако за истиот објект претходно веќе била поведена управна постапка и во 2024 година било донесено решение за негово отстранување. Според полицијата, и во овој случај недостигала целосната документација и не бил извршен надоместокот за уредување на градежното земјиште.

    Поднесувањето на кривичната пријава следува кратко откако Врховниот суд ја укина пресудата со која Стевчо Јакимовски беше осуден на три години и шест месеци затвор за бесправно градење и злоупотреба на службената положба и овластувањата.

    Поврзани вести:

    Во тек потрага по исчезнат 32-годишен скопјанец во Охрид, пронајдени му се телефонот и чамецот

    Во тек потрага по исчезнат 32-годишен скопјанец во Охрид, пронајдени му се телефонот и чамецот

    Куршум завршил во рамото на жена додека била во својот дом во Скопје

    Куршум завршил во рамото на жена додека била во својот дом во Скопје

    Тетовец приведен со 2,02 промили алкохол, полицијата му го одзеде возилото

    Тетовец приведен со 2,02 промили алкохол, полицијата му го одзеде возилото

    Притвор побара Обвинителството за кратовец осомничен дека избодел полицаец

    Притвор побара Обвинителството за кратовец осомничен дека избодел полицаец

    Пожар оштети багер во тетовското село Глоѓе, нема повредени

    Пожар оштети багер во тетовското село Глоѓе, нема повредени

    Полицаец повреден при акција против криумчарење кај Блаце, бил влечен со возило при обид за приведување

    Полицаец повреден при акција против криумчарење кај Блаце, бил влечен со возило при обид за приведување

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    гром јакимовски карпош пријава стевчо
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Во тек потрага по исчезнат 32-годишен скопјанец во Охрид, пронајдени му се телефонот и чамецот

    15/09/2026

    Куршум завршил во рамото на жена додека била во својот дом во Скопје

    15/09/2026

    Тетовец приведен со 2,02 промили алкохол, полицијата му го одзеде возилото

    15/09/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.