Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Home » Костова по одлуката на Ралев: Интегритетот е бесценет, но сè поредок
    Политика

    Костова по одлуката на Ралев: Интегритетот е бесценет, но сè поредок

    01/08/20251 Min Прочитај
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    По одлуката на Мишко Ралев да му се приклучи на тимот на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за Скопје, Орце Ѓеорѓиевски, со реакција на Фејсбук се огласи потпретседателката на СДСМ, Кристина Костова.

    „Личниот и професионален интегритет и достоинство се бесценети, но, за жал, сѐ поретки во нашето опкружување“, напиша Костова, алудирајќи на потегот на Ралев, кој до неодамна важеше за гласен критичар на градежната политика на ВМРО-ДПМНЕ, а сега застана токму зад нивниот кандидат.

    Костова нагласува дека „ќе нѐ биде кога себичноста и егото нема да ја совладаат колективната благосостојба и напредок“, алудирајќи на потребата за колективна одговорност и вредносна доследност. Таа ги осуди, како што ги нарече, „каприциозните мегаломански очекувања“ на поединци, кои, според неа, ги прегазуваат човечките и професионалните принципи.

    „Добро е што однапред се потврдува исправноста на нашите одлуки. Ставовите и позициите се кристализирани“, додава Костова, алудирајќи дека преминот на Ралев само ја зацврстува одлуката на СДСМ да настапи со Каја Шукова како кандидатка за Скопје.

    На крајот од својот коментар, таа упати јасен повик: „Редно е чесните, искрени и добри намери да се обединат во рационално дејствување против оние кои недвосмислено ни го разнебитуваат општеството.“

    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    „Пржинската“ влада ќе замине во историјата, Собранието ја усвои потребата од измена на Законот

    22/04/2026

    ВРЕДИ: Груби е црната кутија што држи во заложништво функционери од ДУИ

    22/04/2026

    Дали во СДСМ нешто не штима во односот лидер – градоначалници?

    22/04/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
      Прва Скопска ТВ
      Facebook Instagram YouTube
      • За нас
      • Импресум
      • Контакт
      • Програмска шема
      © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

      Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

      Исклучете AdBlock за пристап до вестите
      Исклучете AdBlock за пристап до вестите
      За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.