Полициски службеници синоќа уапсиле 36-годишен државјанин на Косово, под сомнеж за кражба на електрична енергија и нелегален престој во Македонија. Случајот бил откриен по пријава од ЕВН Македонија. При службениот разговор било утврдено дека неговиот престој во државата не е регулиран и истекол уште на 15 септември. Против него е поднесена кривична пријава по брза постапка до Основното јавно обвинителство во Скопје.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
