Екипите на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје од синоќа и во текот на утрово спроведуваат засилени активности за расчистување на последиците од силното невреме што вчера го зафати главниот град.
Службите во координација со Град Скопје работат на расчистување на јавните и сообраќајните површини, со цел да се обезбеди непречено движење на пешаците и безбедно одвивање на сообраќајот.
На терен се спроведуваат рачно и машинско метење и миење, а екипите се ангажирани и на враќање на садовите за одлагање отпад што биле изместени од силниот ветер и невремето.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
