Екипите на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје секојдневно спроведуваат активности за одржување на јавната хигиена, при што рачно ги мијат микролокациите на кои се поставени контејнерите за комунален отпад во сите скопски општини.
Од претпријатието информираат дека миењето на просторот околу садовите за отпад најчесто се изведува во доцните вечерни часови, веднаш по нивното празнење, со цел да се обезбедат подобри хигиенски услови и да се намалат непријатните миризби.
Паралелно со овие активности, продолжува и машинското миење на булеварите и улиците низ Скопје со специјализирани автоцистерни, како дел од редовната програма за одржување на градската чистота.
Во пресрет на големиот верски празник Успение на Пресвета Богородица, екипите на ЈП „Комунална хигиена“ извршија темелно миење на просторот пред црквата „Рождество на Пресвета Богородица“ во центарот на Скопје.
Дополнително, исчистени се и непосредната околина, како и дворот на манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ во кањонот Матка, каде традиционално за празникот се очекува поголем број посетители.
