Кина, која е најголем увозник на нафта во светот, се обидува да го заштити домашниот пазар од можни недостатоци на гориво, така што им нареди на нафтените рафинерии да го запрат извозот на бензин и дизел.
Иако земјата располага со значителни стратешки резерви и голем рафинериски капацитет, властите процениле дека е подобро привремено да се задржи производството за домашна употреба.
Овој потег има потенцијал да предизвика силни потреси на регионалните пазари на горива. Кина е еден од трите најголеми извозници на рафинирани нафтени производи во Азија.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
