Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Економија»Кавадарчанка осомничена за даночно затајување од 50 милиони денари – доби кривична пријава од Финансиската полиција
    Економија

    Кавадарчанка осомничена за даночно затајување од 50 милиони денари – доби кривична пријава од Финансиската полиција

    03/07/20253 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе кривична пријава против С.Т. во својство на сопственик, управител и овластен потписник на Друштвото за производство, трговија и услуги РУЖ ЕКСПОРТ ДООЕЛ КАВАДАРЦИ поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „Даночно затајување“ по член 279 став 3, Продолжено кривично дело по член 45 став 1 и став 2 од Кривичниот законик на Република Македонија.

    -Пријавената С. Т. во својство на сопственик, управител и овластен потписник на Друштвото за производство, трговија и услуги РУЖ ЕКСПОРТ ДООЕЛ КАВАДАРЦИ, во периодот од 01.01.2013 година до 31.12.2018 година, свесно и со намера да се стекне со противправна имотна корист, набавувала трговска стока на отворен пазар од физички лица во готово, набавената трговска стока не ја евидентирала на залиха на ТД Руж Експорт, издала вкупно 2.785 излезни фактури и изјави за потекло на земјоделски производи со потпис и печат, извршила вкупно 2.785 извози на трговска стока во Р.Албанија, Р. Србија, Р. Црна Гора, Р.Косово и Русија преку 14 царински испостави во вкупен износ од 514.031.324 денари за кој износ не пресметала, не пријавила и не платила данок на добивка во износ од 50.854.180 денари на штета на Буџетот, соопшти  Управата за финансиска полиција.

    Со цел да ги прикрие инкриминираните дејствија со кои се стекнала со противправна имотна корист, а да ја избегне законски пропишаната обврска за пресметување и плаќање Данок на добивка, пријавената С. Т. , како што се наведува во соопштението, свесно и со намера во име и за сметка на ТД Руж Експорт поднела завршни сметки за 2013, 2014, 2015, и 2016 година до Централен Регистар и до УЈП со невистинита содржина.

    -Со цел да ги прикрие инкриминираните дејствија со кои се стекнала со противправна имотна корист, а да ја избегне законски пропишаната обврска за пресметување и плаќање Данок на добивка, целокупната книговодствена документација од работењето на ТД Руж Експорт ДООЕЛ свесно и со намера е уништена од страна пријавената С. Т., велат од Управата за финансиска полиција.

    Оттаму посочуваат дека пријавената С.Т. со умисла извршила повеќе временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело, искористувајќи ист траен однос, исти прилики или други слични околности, односно извршила повеќе временски поврзани дејствија што претставуваат остварување на истородни дела.

    -Пријавената С. Т. свесно и со намера во име и за сметка на ТД Руж Експорт, а со цел да ги прикрие трагите на стореното кривично дело во име и за сметка на ТД Руж Експорт ДООЕЛ не поднела завршни сметки за 2017, 2018 и 2019 година до Централен Регистар и до УЈП и од 27.02.2020 година има статус на ИЗБРИШАН СУБЈЕКТ врз основа на чл.552-а и 552 –б од ЗТД. Со горенаведените инкриминирани дејствија пријавената С. Т. преку правниот субјект: „РУЖ ЕКСПОРТ“ се стекнала со противправна имотна корист од затаени парични средства на име данок на добивка во вкупен износ 50.854.180 денари, за кој износ го оштетила Буџетот на Република Македонија, се наведува во соопштението од Управата за финансиска полиција.

    Поврзани вести:

    Во март стартува директна авиолинија Дубаи – Скопје, трипати неделно, најави Муцунски

    Во март стартува директна авиолинија Дубаи – Скопје, трипати неделно, најави Муцунски

    Делови за „Ауди“ ќе се произведуваат во „Кромберт и Шуберт“, фабриката отвора 2.000 нови работни места во Битола

    Делови за „Ауди“ ќе се произведуваат во „Кромберт и Шуберт“, фабриката отвора 2.000 нови работни места во Битола

    На денешен ден пред 31 година беше отворена македонско-грчката граница по завршувањето на трговското ембарго

    На денешен ден пред 31 година беше отворена македонско-грчката граница по завршувањето на трговското ембарго

    Македонска делегација во Тајланд на средби со ММФ и Светската банка

    Македонска делегација во Тајланд на средби со ММФ и Светската банка

    Македонија гради нови 12 километри автопат, Николоски: Коридорот 8 добива целосна смисла

    Македонија гради нови 12 километри автопат, Николоски: Коридорот 8 добива целосна смисла

    Владата го продолжи намалениот ДДВ за дизелот до октомври 2026 година

    Владата го продолжи намалениот ДДВ за дизелот до октомври 2026 година

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Во март стартува директна авиолинија Дубаи – Скопје, трипати неделно, најави Муцунски

    15/10/2026

    Делови за „Ауди“ ќе се произведуваат во „Кромберт и Шуберт“, фабриката отвора 2.000 нови работни места во Битола

    15/10/2026

    На денешен ден пред 31 година беше отворена македонско-грчката граница по завршувањето на трговското ембарго

    15/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.