Во акција на крајбрежната служба на Грција кај малиот грчки остров
Гавдос, рано утрово биле спасени 79 мигранти кои се превезувале со
чамец.
Од крајбрежната служба информираа дека во спасувачката акција,
координирана од Националниот координативен центар за потрага и
спасување, вклучени биле патролен брод, дрон на Фронтекс, како и два
брода што пловеле во близина.
Мигрантите биле безбедно пренесени до пристаништето Палеохора на Крит,
каде што ќе се следат потребните процедури за идентификација и
сместување.
ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ
Додади Коментар

