Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Економија»Јавна презентација на новиот Оперативниот план за вработување за 2025 во Тетово, досега има 3 000 пријави
    Економија

    Јавна презентација на новиот Оперативниот план за вработување за 2025 во Тетово, досега има 3 000 пријави

    14/06/20252 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Новиот Оперативниот план за вработување за 2025 година денес беше презентиран на јавна дебата во Тетово, а можностите пред жителите на овој регион ги претставија Бесар Дурмиши, министер за економија и труд и Сељатин Бељуљи, директор на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија.

    Овој план, кој се спроведува преку Агенцијата за вработување, претставува клучна алатка на Владата за зголемување на вработеноста и поттикнување на претприемништвото. По објавување на Оперативниот план на 9 јуни, директорот информира дека има голем интерес.

    -Одзивот на невработените лица е многу висок и изнесува некаде 3 100 лица кои што аплицирале и се заинтересирале да основаат свој бизнис, а јавниот повик трае до 26-ти, до крајот на следната недела. Активните мерки се поделени во две групи, едните водат кон директно вработување, другите кон индиректно вработување, или, поточно кажано, кон подобрување на вработливоста на невработените лица, истакна Сељатин Бељуљи, директор на Агенцијата за вработување.

    За реализација на планот во 2025 година се издвоени над 40 милиони евра, што претставува највисок досега буџет наменет за оваа намена, посочија владините функционери.

    -Преку Оперативниот план за вработување, државата првпат системски пристапува кон решавање на невработеноста – не само преку финансиска помош, туку и со структурна поддршка, менторство и обука. Граѓаните добиваат реална можност да започнат сопствен бизнис, да креираат работни места и да придонесат во локалната економија, истакна министерот Дурмиши.

    Во рамки на Планот за 2025 година, постои можност за финансиска поддршка до 7.000 евра за лица постари од 29 години кои сакаат да отворат сопствен бизнис. За работодавачите кои ќе вработат лице со попреченост, се предвидува дополнителна поддршка од 4.000 евра. Втората мерка предвидува поддршка до 10.000 евра за млади лица до 29 години кои имаат одржлива и иновативна бизнис-идеја, како и поддршка до 20.000 евра за формирање на заеднички бизнис од страна на најмалку две невработени лица.

    Mинистерот ќе продолжи со посети во повеќе општини во рамки на теренската комуникација, и тоа Гостивар, Кичево, Липково, Сарај и други, со цел директно информирање и вклучување на граѓаните во овие програми.

    Поврзани вести:

    Божиновска: Македонија официјално се приклучи кон Вертикалниот гасен коридор, отвораме ново поглавје во енергетската сигурност

    Божиновска: Македонија официјално се приклучи кон Вертикалниот гасен коридор, отвораме ново поглавје во енергетската сигурност

    Неделен преглед на Македонската берза: промет од 54,16 милиони денари, најтргувани акциите на Комерцијална банка

    Неделен преглед на Македонската берза: промет од 54,16 милиони денари, најтргувани акциите на Комерцијална банка

    Божиновска: Регионалната поврзаност и инвестициите се клучни за енергетската безбедност

    Божиновска: Регионалната поврзаност и инвестициите се клучни за енергетската безбедност

    Од утре целосно се отвора мостот на Маркова Река

    Од утре целосно се отвора мостот на Маркова Река

    Божиновска во Солун ќе го потпише меморандумот за Вертикалниот гасен коридор

    Божиновска во Солун ќе го потпише меморандумот за Вертикалниот гасен коридор

    Македонската берза речиси без промена: МБИ10 намален за 0,10 поени, најтргувани акциите на Алкалоид

    Македонската берза речиси без промена: МБИ10 намален за 0,10 поени, најтргувани акциите на Алкалоид

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Божиновска: Македонија официјално се приклучи кон Вертикалниот гасен коридор, отвораме ново поглавје во енергетската сигурност

    06/09/2026

    Неделен преглед на Македонската берза: промет од 54,16 милиони денари, најтргувани акциите на Комерцијална банка

    06/09/2026

    Божиновска: Регионалната поврзаност и инвестициите се клучни за енергетската безбедност

    05/09/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.