Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Република»Единствен барав да не му се издава лиценца на „Пулс“, би требало да седам како јавност, а не како обвинет, рече поранешниот градоначалник, Ратко Димитровски
    Република

    Единствен барав да не му се издава лиценца на „Пулс“, би требало да седам како јавност, а не како обвинет, рече поранешниот градоначалник, Ратко Димитровски

    04/12/20253 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Изненаден од тоа што седи на обвинителна клупа, поранешниот градоначалник на Кочани, Ратко Димитровски, на денешното судење за трагедијата во кочански „Пулс“ побара судот да ја исправи неправдата и да го ослободи оти е единствениот во државата кој пред 13 години побрал неиздавње лиценца за дискотека на „Пулс“.

    По долгиот воведен говор од неговата бранителка, Ангела Соколова, во кој таа објасни дека Димитровски побарал од Министерството за економија да не му се издаде лиценца на клубот откога побарле одобрение за паркинг од Општината, а такви услови немало, пред судот збруваше и Димитровски како дополнување на воведниот говор. Објасни дека не дозволил „Пулс“ да ги користи за паркинг двете локации кои биле на 250 метри од објектот и веднаш побарал да не му се издаде лиценца, барање на кое никогаш не добил одговор.

    „Изненаден сум, никогаш не сум можел да замислам дека ќе застанам на обнивителна клупа за такво нешто, а само јас сум бил тој што е против тоа пред 13 години“, рече поранешниот грдоначлник на Кочани, Димитровски и нагласи дека друго барање од „Пулс“ до него не стигнало.

    „Јасно е како ќе сум одговорел имајќи го предвид моето барање за неиздавање лиценца. Сега би требало да седам како јавност, а не обвинет“, рече Димитровски.

    Воведен збор даде и одбраната на Николчо Илијев, градоначалник на Кочани во периодот од 2017 до 2021 година кој има петмина бранители. Воведен збор во име на сите петмина бранители даде адвокатот Синиша Станковиќ кој укажа дека додека Илијев бил градоначалник никогаш не дошол во контакт со документ поврзан со клубот. Никој никогаш не го известил или информирал за што било, немал контакт со сопственикот на објектот, ниту со оние кои го користеле и не позналавл никого од нив. Ниту еден државен орган не го известил за што било за правниот субјект во „Пулс“ и немал контакт со останатите обвинети лица пред, за време и по функцијта градоначалник.

    И одбраната на Љупчо Папазов кој беше градоначалник на Кочани кога се случи пожарот даде воведен збор на денешното судење. Адвокатот Мите Левков рече дека се работи конструиран случај во кој треба да се задоволат нечии желби и најави дека ќе докаже дека Папазов не може да има никаква одгворност за пожарот. Кажа дека Папазов се ставил на располагање на институциите ноќта кога се случи пожарот, потсети дека си поднел оставка од функцијата од морални причини и молкум го издржал каменувањето на неговиот дом на 17 март. Неговиот воведен говор го доплни самиот Папазов кој рече дека досега немал можност, но и не сакал да зборува за да не пречи на истрагата.

    Дека чесно си ја извршувале работата и не направиле никакви пропусти кажаа и тројцата општински градежни инспектори обвинети за трагедијата во„Пулс“ Огњан Георгиев, Љупчо Стаменков и Николчо Гоцев.

    Четрвтото рочиште на судењето за трагедијата во „Пулс“ е во тек со воведни говори од бранителите на лицата кои работеле како обезбедување во дискотеката.

    Поврзани вести:

    Премиерот Мицкоски не е задоволен од пораките за уставните измени, но очекува напредок

    Премиерот Мицкоски не е задоволен од пораките за уставните измени, но очекува напредок

    Денес се навршуваат 31 година од нападот врз првиот македонски претседател

    Денес се навршуваат 31 година од нападот врз првиот македонски претседател

    Сончево, но студено утро: Температурите и до -2 степени

    Сончево, но студено утро: Температурите и до -2 степени

    Македонија побара средба со Бугарија: Муцунски и Петрова-Чамова ќе разговараат за време на состанокот за Коридорот 8

    Македонија побара средба со Бугарија: Муцунски и Петрова-Чамова ќе разговараат за време на состанокот за Коридорот 8

    Во Кочани отворен Дневен центар за лица со попреченост, поддршка за 12 корисници месечно

    Во Кочани отворен Дневен центар за лица со попреченост, поддршка за 12 корисници месечно

    Фон дер Лајен: Македонија припаѓа на масата во ЕУ, следен чекор се уставните измени

    Фон дер Лајен: Македонија припаѓа на масата во ЕУ, следен чекор се уставните измени

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    обивнителство пулс рочиште судење
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Премиерот Мицкоски не е задоволен од пораките за уставните измени, но очекува напредок

    03/10/2026

    Денес се навршуваат 31 година од нападот врз првиот македонски претседател

    03/10/2026

    Сончево, но студено утро: Температурите и до -2 степени

    03/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.