– Ако нема мигранти, а некој мора да ги чисти тоалетите, тогаш мора да ги искористиме нашите внатрешни резерви – Ромите, изјави Јанош Лазар, министер за транспорт и врски во Унгарија на предизборен настан.
Заради оваа изјава унгарската опозиција, ромските организациии и лидерот на опозицијата Петер Маѓар побараа оставка од Лазар, оценувајќи дека „ги преминал сите граници“.
Ромите се најголемата етничка малцинска група во Унгарија и сочинуваат околу седум отсто од населението. Изборите се закажани да се одржат на 12 април.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
