По неколкучасовни разговори во Белата куќа, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го поддржа планот на Доналд Трамп, опишувајќи го како важен чекор во поставувањето на темелите за мир во Газа.
Планот на Трамп се состои од 21 точка кои вклучуваат итно прекинување на огнот и прекин на сите воени активности со постепено повлекување на израелските сили од Газа. Планот предвидува дека никој нема да биде принуден да ја напушти Газа, а на оние кои сакаат да заминат ќе им биде дозволено слободно да се движат.
По состанокот во Вашингтон и опозицијата во Израел го поддржа планот. Од друга страна Хамас засега е без одговор дали го прифаќа планот, бидејќи како што соопшруваат од таму се уште немаа добиено на писмено каков е предлогот.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
