Израел изврши воздушен напад врз Бејрут за првпат по договорот за прекин на огнот со Хезболах, што дополнително ги зголеми тензиите во регионот. Нападот бил насочен кон јужните предградија на либанската престолнина, познати како Дахие – област која важи за упориште на Хезболах.
Според израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, мета на нападот бил командант на елитните сили Радван, а акцијата лично ја одобрил. Локалните медиуми објавија дека нападот се случил за време на состанок на припадници на единицата.
Ова е прв напад врз Дахие по објавувањето на договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Либан, кој во април го соопшти американскиот претседател Доналд Трамп. И покрај договорот, двете страни меѓусебно се обвинуваат за прекршување на примирјето и продолжуваат со напади.
Либанското Министерство за здравство соопшти дека во изминатата недела во израелските напади загинале повеќе од 120 лица низ земјата, меѓу кои имало и жени и деца. Во меѓувреме, продолжуваат и нападите на Хезболах врз израелски цели со ракети и беспилотни летала
