Бугарија доби нова влада. За изборот позитивно се изјаснија 124 пратеници „Прогресивна Бугарија“, „против“ беа 70, а 36 пратеници на Бојко Борисов беа воздржани.
Новата влада на Румен Радев ќе има четворица вицепремиери и 18 министри.
Нов министер за внатрешни работи е Иван Демерџиев, за правда Николај Најденов, а за надворешни работи е Велислава Петрова-Чамова.
Пред гласањето, координаторот на пратеничката група на „Прогресивна Бугарија“, Петар Витанов, ја претстави кандидатурата на Радев за премиер. Во емотивен говор тој објасни дека со неа се враќа „нормалноста во бугарската политика“, како и поимите како доблест, чест, верба и солидарност.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
