Пратениците го изгласаа буџетот за 2026 година, тежок 6,7 милијарди евра. Тоа до сега е најголемата годишна свота на буџетски пари во Македонија.
Од владејачкото мнозинство тврдат дека станува збор за развоен буџет, кој сигурно ќе донесел силен инвестициски циклус и подобрување на животниот стандард во земјава. Сите во Македонија посакуваат овој пат развојот навистина да пристигне, оти и при досегашните изгласувања на државниот буџет беше ветувано дека се развојни, Но, развојот го немаше.
На пример во 2024 година беше ветувано од Димитар Ковачевски дека буџетот тежок 5,5 милијарди евра ќе донесе забрзан раст и поголеми инвестици. И? Што капитално се изгради во Македонија таа година?
Затоа јавноста сега очекува односно бара од овој уште побогат буџет видливи резултати. И секако, граѓаните инсистираат на порационално трошење на народните пари.







