Бизнис форум помеѓу претставници на македонската и италијанската бизнис заедница се одржа денеска во Скопје, во организација на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија и Амбасадата на Република Италија, а во соработка со Италијанската трговска агенција ITA.
На форумот, како што информира од Амбасадата на Италија, присуствуваше бизнис делегација од 40-тина италијански компании и финансиски институции предводена од заменик министерката Триподи.
Бизнис форумот е конципиран како еднодневен настан фокусиран на презентација на бизнис можностите во секторите инфраструктура, енергетска транзиција и циркуларна економија, дигитализација и технолошки иновации како и финансиски инструменти за поддршка на инвестициите.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
