Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Home » Италија и Германија ја бранат Шпанија од САД по заканите за исклучување од НАТО
    Свет

    Италија и Германија ја бранат Шпанија од САД по заканите за исклучување од НАТО

    25/04/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Италија и Германија застанаа зад Шпанија по медиумските извештаи за можни американски закани за суспензија на Мадрид од НАТО поради несогласувањата околу војната против Иран.
    – Мислам дека НАТО мора да остане обединет. Тоа е нашата сила – изјави италијанската премиерка Џорџа Мелони во Никозија, каде што учествува на самит на ЕУ, одговарајќи на новинарско прашање за овие информации.

    Медиумите пренесоа извештај на Ројтерс, кој се повикува на интерен електронски документ на Пентагон, во кој суспензијата на Шпанија од Алијансата се наведува како една од опциите што се разгледуваат.

    Поддршка за Шпанија изрази и Германија.
    Портпарол на германската влада изјави дека членството на Шпанија во НАТО не е доведено во прашање.
    – Шпанија е членка на НАТО и не гледам причина тоа да се промени – рече портпаролот на редовната прес-конференција во Берлин.

    Владата на шпанскиот премиер Педро Санчез се противи на војната што САД и Израел ја водат против Иран од крајот на февруари. Таквиот став не е по волја на американскиот претседател Доналд Трамп, кој му забележува на Мадрид што одби да дозволи користење на американските воени бази во Андалузија за воздушни напади врз Иран, дури и заканувајќи се со „прекин на секоја трговија“ меѓу двете земји.

    Според Ројтерс, САД размислуваат за суспензија на учеството на Шпанија на одговорни позиции во рамките на Алијансата. Сепак, ниту еден член од основачкиот договор на НАТО од 1949 година не предвидува суспензија или исклучување на членка од Северноатлантската алијанса.

    германија исклучување Италија НАТО сад Шпанија
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Трамп ниту сака да бомбардира, ниту сака примирје, пренесува „Волстрит журнал“

    29/04/2026

    Косово пак во политичка криза, ќе се распушти Собранието

    29/04/2026

    По една година мандат, амбасадорката на САД во Киев си даде оставка

    29/04/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
      Прва Скопска ТВ
      Facebook Instagram YouTube
      • За нас
      • Импресум
      • Контакт
      • Програмска шема
      © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

      Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

      Исклучете AdBlock за пристап до вестите
      Исклучете AdBlock за пристап до вестите
      За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.