Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Економија»И тоа се случува во Македонија, јавно претпријатие да работи на диво: Што констатирале ревизорите во „Колекторски систем“?
    Економија

    И тоа се случува во Македонија, јавно претпријатие да работи на диво: Што констатирале ревизорите во „Колекторски систем“?

    10/03/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Јавното претпријатие „Колекторски систем – Скопје“, основано во декември 2018 година со одлука на Владата, има примарна дејност собирање, одведување и прочистување на отпадни води преку канализациски и колекторски системи, како и нивно контролирано испуштање со цел заштита на Охридското Езеро. Сепак, ревизорскиот извештај на Државниот завод за ревизија за 2024 година покажува дека системот речиси 35 години функционира без соодветна дозвола за дејноста за која е основан.

    Ревизорите утврдиле низа неправилности, поради што дале неповолно мислење за реалноста на финансиските извештаи и за усогласеноста на работењето со законската регулатива. Имено, покрај проблемот со дозволата, претпријатието се соочува и со сериозни финансиски потешкотии. Според извештајот, има долгови поголеми од 8 милиони евра, а сметката му е блокирана со години.

    Државниот завод за ревизија констатирал и дека инфраструктурата на системот – цевковод долг 40,9 километри, пумпни станици и пречистителна станица изградени пред повеќе од три децении – се уште не е запишана во Катастарот на инфраструктурни објекти. Претпријатието нема имотни листови ниту за објектите ниту за земјиштето под нив.

    Во извештајот се нотираат и спорни исплати за паушални адвокатски услуги без соодветна документација. Станува збор за договор склучен во 2020 година на период од десет години, кој според ревизорите содржи неповолни услови за претпријатието.

    Поврзани вести:

    МЕПСО бара зголемување на тарифата за пренос на струја за речиси 98 проценти

    МЕПСО бара зголемување на тарифата за пренос на струја за речиси 98 проценти

    УЈП: Најмладиот милионер во Македонија има 4 години, најстариот 97

    УЈП: Најмладиот милионер во Македонија има 4 години, најстариот 97

    Македонија изложена на влијанијата од глобалните цени на храната и енергенсите

    Македонија изложена на влијанијата од глобалните цени на храната и енергенсите

    Владата и Окта постигнаа договор: Дизелот поевтинува за два денари во испораките до трговците

    Владата и Окта постигнаа договор: Дизелот поевтинува за два денари во испораките до трговците

    Синдикалната минимална кошница за октомври достигна 70.358 денари

    Синдикалната минимална кошница за октомври достигна 70.358 денари

    Кој нема да поднесе изјава ќе престане да биде член на задолжителен пензиски фонд

    Кој нема да поднесе изјава ќе престане да биде член на задолжителен пензиски фонд

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    МЕПСО бара зголемување на тарифата за пренос на струја за речиси 98 проценти

    21/10/2026

    УЈП: Најмладиот милионер во Македонија има 4 години, најстариот 97

    21/10/2026

    Македонија изложена на влијанијата од глобалните цени на храната и енергенсите

    21/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.