Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Некатегоризирано»И официјално на 5 јули ќе биде пуштен системот со едно застанување на границата со Србија
    Некатегоризирано

    И официјално на 5 јули ќе биде пуштен системот со едно застанување на границата со Србија

    25/06/20252 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    На 5 јули годинава се очекува официјално да биде пуштен во употреба системот со едно застанување на границата со Република Србија, најави денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и посочи дека во моментот тоа е најфреквентниот граничен премин, што ќе придонесе за олеснување на протокот на патници.

    Во рамки на вчерашниот ден помина завршната ратификација на договорот што претходно го потпишавме со мојот српски колега Ивица Дачиќ. Се надевам дека на 5 јули ќе имаме официјално пуштање во функција на овој систем со Србија. Во тек е фазата на тестирање на системот, рече тој при денешната посета на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.

    Со ова, како што додаде, ќе се имплементира систем каков што доликува во вистинска смисла на зборот, а не хибрид решението што досега сме го имале, што очигледно дека не дава резултати оти метежите се присутни на границите.

    -Ние го штитиме нашиот влез, а полициските службеници од Србија го штитат влезот во нивната држава, со тоа што ќе ги разменуваме информациите многу брзо,кажа министерот.

    Системот со едно застанува веќе е пуштен во функција со Косово, што резултира со намалување на метежите што ги имало пред неколку месеци.

    Според министерот, трета земја со која ќе биде воведен системот со едно застанување е Република Албанија.

    -На два гранични премини што ги имаме со Албанија се планира да се имплементира ваков паметен систем на контрола. Се надевам дека до крајот на летниот период ќе започнеме со тест фаза. Тоа зависи и од формалното усвојување на акти во рамки на нашето и албанското Собрание. Се надевам дека најбрзо што можеме би го ставиле овој систем во функција и со Албанија, вели Тошковски.

    Со воведување на ваков паметен и побрз систем на нашите граници, како што вели тој, би ги заокружиле трите наши соседи што не се дел од Европската Унија.

    Поврзани вести:

    Ви пишува, па исчезнува? Експертите предупредуваат на феноменот „breadcrumbing“

    Ви пишува, па исчезнува? Експертите предупредуваат на феноменот „breadcrumbing“

    Тензии во Тирана: Продолжија судирите меѓу демонстрантите и полицијата, има приведени

    Тензии во Тирана: Продолжија судирите меѓу демонстрантите и полицијата, има приведени

    Ѓорѓиевски објави фотографија со Мицкоски: Работиме и за празник

    Ѓорѓиевски објави фотографија со Мицкоски: Работиме и за празник

    Паника во близина на Минхен: Забележана дива мачка, можно е да е пума

    Паника во близина на Минхен: Забележана дива мачка, можно е да е пума

    Безбедноста на граѓаните приоритет на Општина Гази Баба: Започна одбележувањето на пешачките премини

    Безбедноста на граѓаните приоритет на Општина Гази Баба: Започна одбележувањето на пешачките премини

    Град Скопје и општините им оддадоа признание на просветните работници

    Град Скопје и општините им оддадоа признание на просветните работници

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Ви пишува, па исчезнува? Експертите предупредуваат на феноменот „breadcrumbing“

    13/10/2026

    Тензии во Тирана: Продолжија судирите меѓу демонстрантите и полицијата, има приведени

    13/10/2026

    Ѓорѓиевски објави фотографија со Мицкоски: Работиме и за празник

    12/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.