Во пресрет на големиот христијански празник Илинден – 2 Август и патрониот празник на Општината, Општина Илинден реализираше значајна хуманитарна акција, насочена кон обезбедување прехранбени и хигиенски производи за социјално ранливите семејства и граѓани.
Акцијата, организирана во духот на солидарноста и заедничката грижа, под мотото „Подај рака – хумана општина Илинден“, беше успешно спроведена во соработка со Црвениот крст.
Во рамките на оваа благородна акција беа дистрибуирани околу 70 хуманитарни пакети, со цел и најранливите категории граѓани достоинствено и со празничен дух да го одбележат овој значаен ден.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
