Благодарение на брзата и храбра реакција на двајца случајни минувачи жена денеска е спасена од водите на Вардар кај Камениот мост во центарот на Скопје.
Жена, на возраст од околу 50 години, била извлечена на безбедно од Вардар од страна на двајца граѓани од Чаир, а потоа пристигнале две екипи на интервентната полиција, една екипа на „Алфа“ и екипа на Итната медицинска помош, кои ја презеле жената.
Жената е пренесена во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде ѝ е укажана лекарска помош.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
