Физички инцидент ја одбележа денешната 65-та седница на Советот на општина Кочани, откако вербалната расправија меѓу советникот Аки Акиов од Партијата за Демократски Просперитет на Ромите и координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Мирче Стојков, ескалираше во физичка пресметка.
На видеото од пренос во живо се гледа дека по расправијата со Стојков, Акиов обидувајќи се да удри со шише кон друг советник истото завршува во главата на правничка од општината.
В.Д. градоначалникот на Кочани Венко Крстевски вели дека поради случката не се изгласала точка за меѓуопштинска соработка, според Крстевски денешниот инцидент бил поради прогресот кој го има Кочани во последните два месеца.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
