Ученичка од шесто одделение во два наврати била брутално малтретирана од три постари девојчиња во парк во Ѓорче Петров.
Групата ја тепала, ја горела со цигари, ја понижувала и ја присилувала да јаде кучешки измет, а дел од насилството било снимено со мобилен телефон. Инцидентите се случиле среде бел ден на само неколку метри од полициската станица. Девојчето поради претрпеното деградирачко врсничко насилство добива лекарска и психијатриска помош.
МВР потврди дека се извршени службени разговори во присуство на родителите, прибрани се материјални докази, меѓу кои и видеозаписи, и во координација со обвинителството се преземаат мерки за расчистување на случајот.

