Црногорскиот репрезентативен лев бек Вуко Борозан од е нов ракометар на ГРК Охрид. Тој потпиша договор со македонскиот суперлигаш до крајот на актуелната сезона, со можност за продолжување на соработката.
„Многу сум среќен што потпишав за екипа со големи амбиции и со квалитетен ростер. По разговорите со тренерот Ројевиќ и со раководството на клубот, одлуката да ја продолжам кариерата во Охрид беше логична“, изјави Борозан за клупскиот сајт.
Триесет и едногодишниот Борозан во Охрид пристигнува од редовите на РК Вардар 1961, а зад себе има богата интернационална кариера. Настапувал за реномирани клубови како Веспрем, Загреб, Ловќен и Металург, како и за репрезентацијата на Црна Гора.
„Нè очекуваат многу важни натпревари и тимот ќе атакува на сите три трофеи. Ги поздравувам охридските навивачи и навивачката група ‘Рибари’ и се надевам на силна поддршка во борбата за целите на клубот“, порача Борозан.







