Супермаркетите во Грција најавија намалување на цените на над 2.000 основни производи. Ова се случува по иницијатива на тамошната влада и намалувањето ќе биде во просек за 8 отсто.
Иницијативата потекнува од Министерството за развој, а нејзината цел е да ги убеди трговските синџири да го намалат својот просечен профит кај овие производи во полза на општеството, а особено на ранливите групи, пренесуваат тамошните медиуми.
Намалените производи опфаќаат околу 10 отсто од вкупниот асортиман во супермаркетите. Целта на Владата е пониските цени да се задржат најмалку до крајот на годината.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
