Скопјани утрово побрзаа да видат дали цената на лебот останува иста или се покачува како што направија пекарите во некои други градови низ Македонија. Задоволно констатираат дека цената е непокачена, но се на штрек и бараат пекарите сосе трговците тоа да не го сторат во наредните денови оти тоа би било избрзување.
Граѓаните што денеска ги анкетираше нашата екипа сметаа дека пекарите не смеат да ги покачат цените на лебот на своја рака. „Па веќе еднаш пред некое време го покачија лебот, зарем сега пак?“, праша една скопјанка.
Секое покачување на цените на основните прехрамбени продукти удира директно удира по џебот на граѓаните и сериозно ја подгрева целата атмосфера цените во маркетите да збеснат кога за тоа и нема многу оправдување. Избрзување е да има нови зголемени цени, особено кога главните импути за производство на лебот, житото, брашното, струјата… не се зголемени.
Добро е што премиерот Христијан Мицкоски најави дека ќе се испита дали има оправданост за ваквите поскапувања во неколку градови и ако нема основа за нови цени, а некои од пекарите почнаат лебот да го продаваат поскапо државата соодветно ќе реагира.
Таа проверка мора да биде брза и ефикасна и веднаш за да се превенира потегот на пекарите кои веќе си ги калкулираат приходите по нови цени на
лебот од следната недела.
