Во Скопје има многу празни, а погодни места каде може да се насадат толку потребните дрвца. Таквите простори не е тешко да се најдат, само треба градоначалниците малку да прошетаат низ градот и ќе ги најдат.
При тоа градските челници ќе може да видат дека Скопје има и многу места каде има засадени дрвја, но тие се исушиле и молат да бидат заменети со нови садници.
На пример на главниот скопски плоштад има три дрца кои се веќе две сезони исушени…
Големо исушено дрво одамна чека да биде заменето и на плоштадот кај црквата Свети Димитрија…
Во тој дел од градот, во мини паркчето пред музејот за холокаустот тажно стојат повеќе суви – пожолтени елки…
Исто е и пред Музејот на македонската борба…

Празни места каде имало садници има и на улица Македонија, а тоа е тек само во најстрогиот центар на градот, многу други мртви дрвца чекаат да бидат видени.
Сега е време на садење, што се чека? Не би било сериозно ако се чека мртвите дрвца пак да оживеат.

