Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Скопје»Град Скопје: Водата од „Рашче“ е безбедна, депонијата е 30 километри оддалечена од изворот
    Скопје

    Град Скопје: Водата од „Рашче“ е безбедна, депонијата е 30 километри оддалечена од изворот

    11/08/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Град Скопје уверува дека водата за пиење во главниот град е целосно безбедна, откако во јавноста се појавија информации и шпекулации поврзани со површинска депонија која наводно претставува закана за изворот „Рашче“.

    Од Градот посочуваат дека редовните лабораториски анализи потврдуваат дека водата што ја користат скопјани е микробиолошки и хемиски исправна.

    Според соопштението, депонијата за која се зборува не се наоѓа на територијата на Град Скопје, туку е оддалечена околу 30 километри од изворите „Рашче“ и, според достапните информации, постои речиси три децении.

    Иако не е во надлежност на Град Скопје, од локалната самоуправа нагласуваат дека секоја локација што претставува потенцијален еколошки ризик треба да биде соодветно третирана и расчистена. Во таа насока, ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје ќе постапува во рамките на своите законски надлежности, а Градот ќе обезбеди целосна поддршка за решавање на проблемот.

    Од Град Скопје информираат дека контролата на квалитетот на водата се врши континуирано. Секој ден се земаат примероци од 36 до 40 различни локации низ водоснабдителниот систем, кои детално се анализираат во лабораториите на ЈП „Водовод и канализација“.

    Дополнително, изворот „Рашче“ е под постојан 24-часовен надзор, со физичко обезбедување, видеонадзор и воспоставени мерки за заштита на извориштето.

    Од Градот апелираат граѓаните да не наседнуваат на непроверени информации и шпекулации кои можат да предизвикаат непотребна паника, туку да се информираат преку официјалните соопштенија и резултатите од лабораториските анализи.

    „Водата што ја пијат скопјани е безбедна“, се наведува во соопштението на Град Скопје.

    Поврзани вести:

    Целосна реконструкција на улиците „Бутелска“ и „Радишанска“ со изградба на нова атмосферска канализација

    Целосна реконструкција на улиците „Бутелска“ и „Радишанска“ со изградба на нова атмосферска канализација

    Ѓорче Петров ќе ги користи искуствата на Кисела Вода за превенција од детско престапништво

    Ѓорче Петров ќе ги користи искуствата на Кисела Вода за превенција од детско престапништво

    Со хуманитарен одбојкарски натпревар и музичка програма одбележан патрониот празник на ООУ „Петар Поп Арсов“ во Карпош 4

    Со хуманитарен одбојкарски натпревар и музичка програма одбележан патрониот празник на ООУ „Петар Поп Арсов“ во Карпош 4

    Жителите на Центар со свои предлози ќе учествуваат во креирањето на новиот ЛЕАП

    Жителите на Центар со свои предлози ќе учествуваат во креирањето на новиот ЛЕАП

    Во петок нема да работат шалтерите за наплата на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје

    Во петок нема да работат шалтерите за наплата на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје

    Ѓорѓиевски: Младите мора да имаат вистинско место во креирањето на локалните политики

    Ѓорѓиевски: Младите мора да имаат вистинско место во креирањето на локалните политики

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Целосна реконструкција на улиците „Бутелска“ и „Радишанска“ со изградба на нова атмосферска канализација

    22/10/2026

    Ѓорче Петров ќе ги користи искуствата на Кисела Вода за превенција од детско престапништво

    22/10/2026

    Со хуманитарен одбојкарски натпревар и музичка програма одбележан патрониот празник на ООУ „Петар Поп Арсов“ во Карпош 4

    22/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.