Скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски информира дека започнало целосното уредување на пешачката зона, на потегот од Лисиче до Влае.
-Кејот е едно од најпосетените и најомилените места на скопјани. Тука се спортува, се рекреира, се создаваат пријателства и се минуваат драгоцени семејни моменти. Затоа, неговото уредување не е само обврска, туку наша одговорност кон секој граѓанин – соопшти Ѓорѓиевски.
Тој додаде дека се заменуваат уништените подни плочки, се нивелираат нерамните површини и темелно се санира секое оштетување, со цел кејот повторно да биде безбеден, функционален и достоинствен простор за сите генерации.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
