Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Економија»Големо признание за ЕОС Матрих Македонија во рамки на ЕОС Групацијата
    Економија

    Големо признание за ЕОС Матрих Македонија во рамки на ЕОС Групацијата

    31/08/20263 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    ЕОС Матрих Македонија уште еднаш потврдува дека големината на пазарот не е пресудна за извонредноста на резултатите, како и дека континуираниот успех се гради со долгорочна работа, професионалност и постојано унапредување.

    Континуитетот во остварувањето силни деловни успеси и амбицијата за постојан раст ја позиционираат ЕОС Матрих Македонија како „скриен шампион“ во рамки на Групацијата. Иако работи на еден од помалите пазари, компанијата со години покажува дека оперативната извонредност, иновациите и претприемачкиот дух можат да создадат влијание што е далеку посилно од големината на самиот пазар.

    Едно од клучните, а воедно и најзначајно достигнување во досегашното работење на компанијата е најголемиот откуп на портфолио во историјата на ЕОС Матрих Македонија, при што интегрираниот обем е речиси половина од сите претходно реализирани аквизиции на компанијата. Ова достигнување е резултат на долгорочна работа, континуирано унапредување на процесите, автоматизација, скалабилност и постојано барање поефикасни начини за работење.

    Стратешкото значење и успешното работење на ЕОС Матрих Македонија неодамна беа потврдени и со посетата на високото раководство на Групацијата. Во земјава престојуваа Петра Шарнер-Волф, извршна директорка на Otto Group, Марвин Рамке, главен извршен директор на EOS Holding GmbH, како и Карстен Тидоу, одговорен за Источна Европа во EOS Групацијата. Во фокусот беа новите деловни можности и инвестиции, како и начинот на кој автоматизацијата и вештачката интелигенција дополнително го поддржуваат растот на компанијата.

    Со повеќегодишно искуство и значајни инвестиции, ЕОС Матрих Македонија е еден од клучните чинители во финансискиот сектор во земјава. Компанијата денес управува со портфолио од 150.000 предмети, од кои над 20 отсто се веќе затворени, додека вкупните инвестиции на македонскиот пазар надминаа 30 милиони евра. Покрај преземањето комплексни портфолија на нефункционални пласмани, компанијата континуирано инвестира во дигитални алатки и напредни ИТ решенија, со што дополнително ја унапредува ефикасноста и квалитетот на своето работење. ЕОС Матрих Македонија од година во година ги унапредува своите деловни процеси, со цел да се создадат нови решенија и да се одговори на идните предизвици на пазарот.

    „Тоа што сме помал пазар никогаш не ја ограничи нашата амбиција. Постојано бараме нови начини за раст, иновации и создавање вредност. Неодамнешната посета покажа дека она што го градиме е важно не само за нашиот пазар, туку и за целата EOS Групација“, изјави Катерина Бошевска, главен извршен директор на EOS во Македонија.

    Извршната директорка на Otto Group, во својата објава по посетата ја истакна енергијата, експертизата и претприемачкиот дух на тимот во Македонија.

    „Силните деловни резултати се градат врз силни партнерства, јасно стратешко размислување и одговорност. Приказната за EOS во Македонија нè потсетува дека одличните резултати не се одредени од големината на пазарот“, нагласи Шарнер-Волф.

    Поврзани вести:

    УЈП почна проверки на приливите од странство за 2021 година

    УЈП почна проверки на приливите од странство за 2021 година

    „Се гледа крајот“: Николоски објави нови детали од изградбата на автопатот Охрид – Кичево

    „Се гледа крајот“: Николоски објави нови детали од изградбата на автопатот Охрид – Кичево

    МЕПСО бара зголемување на тарифата за пренос на струја за речиси 98 проценти

    МЕПСО бара зголемување на тарифата за пренос на струја за речиси 98 проценти

    УЈП: Најмладиот милионер во Македонија има 4 години, најстариот 97

    УЈП: Најмладиот милионер во Македонија има 4 години, најстариот 97

    Македонија изложена на влијанијата од глобалните цени на храната и енергенсите

    Македонија изложена на влијанијата од глобалните цени на храната и енергенсите

    Владата и Окта постигнаа договор: Дизелот поевтинува за два денари во испораките до трговците

    Владата и Окта постигнаа договор: Дизелот поевтинува за два денари во испораките до трговците

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    УЈП почна проверки на приливите од странство за 2021 година

    24/10/2026

    „Се гледа крајот“: Николоски објави нови детали од изградбата на автопатот Охрид – Кичево

    22/10/2026

    МЕПСО бара зголемување на тарифата за пренос на струја за речиси 98 проценти

    21/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.