Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Економија»Глоба од 1.000 до 3.000 евра за ЕВН ако не обезбеди визулен пристап до броилото
    Економија

    Глоба од 1.000 до 3.000 евра за ЕВН ако не обезбеди визулен пристап до броилото

    22/06/20252 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Потрошувачите на електрична енергија имаат законско право на визуелен пристап до сопствените броила, а секое спречување на тој пристап од страна на операторот на електродистрибутивниот систем – во овој случај ЕВН – претставува прекршување на Законот за енергетика.

    „Инженери на Македонија“ велат дека Законот предвидува глоба од 1.000 до 3.000 евра за операторот ЕВН ако не го исполни ова свое законско задолжение.

    –Секој граѓанин што не може да го види својот броило, ниту да го контролира внесениот податок за потрошувачката, има право да поднесе претставка и да бара инспекциски надзор и санкционирање на операторот. Ова се однесува и на случаите кога се поставени броилата зад метални мрежи, стакла што не дозволуваат читање или се наоѓаат на несоодветни и небезбедни места што го оневозможуваат пристапот, појаснуваат од „Инженери на Македонија“.

    Оттаму наведуваат дека со новиот закон што стапи на сила на 29 мај 2025 година, операторот е обврзан да овозможи визуелен пристап до мерниот уред, односно потрошувачот да може лично и во секое време да го види и провери податокот што уредот го регистрира.

    –Поставувањето броила во затворени кутии, на височина недостапна за граѓанинот, во заклучени простории, невидливи за граѓанинот или поставено во ормани каде што не може да се види броилото, претставува правно недозволено постапување, велат „Инженери на Македонија“.

    Тие додаваат дека е поднесено официјално барање до надлежните инспекциски органи: Државниот инспекторат за енергетика, рударство и минерални суровини и Државниот пазарен инспекторат, како и до Министерството за енергетика за да се потврди кој од нив е конкретно надлежен за постапување и санкционирање во овие случаи.

    –Веднаш по добивањето на нивниот одговор, јавноста ќе биде информирана кој инспекциски орган е директно одговорен за постапување по претставките за оневозможен пристап до броилата. Граѓаните треба да бидат свесни за своето право на увид и проверка на сопствената потрошувачка и да се охрабрат да го пријават секое прекршување. Неовозможувањето пристап до мерниот уред не е техничко прашање, туку директна повреда на законската обврска и причина за санкција. Броилата, иако се сопственост на ЕВН, истовремено се дел од јавна услуга, а пристапот до нив е неопходен елемент на транспарентноста, контролата и на заштитата на потрошувачот, нагласуваат од „Инженери на Македонија“.

    Поврзани вести:

    Превозниците од Западен Балкан го откажаа протестот на границите со ЕУ

    Превозниците од Западен Балкан го откажаа протестот на границите со ЕУ

    Европа го препозна успехот: Дајмонд Мол награден со две престижни признанија

    Европа го препозна успехот: Дајмонд Мол награден со две престижни признанија

    Мицкоски: За две години обезбедивме околу 1,4 милијарди евра странски инвестиции

    Мицкоски: За две години обезбедивме околу 1,4 милијарди евра странски инвестиции

    Министерот Клековски денеска ќе ги претстави измените на листата на есенцијални лекови

    Министерот Клековски денеска ќе ги претстави измените на листата на есенцијални лекови

    Можно е да поевтини струјата за домаќинствата, се подготвува нова методологија

    Можно е да поевтини струјата за домаќинствата, се подготвува нова методологија

    (Фото) Охридскиот аеродром како музеј – патниците ги пречекуваат мозаици и фрески

    (Фото) Охридскиот аеродром како музеј – патниците ги пречекуваат мозаици и фрески

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Превозниците од Западен Балкан го откажаа протестот на границите со ЕУ

    11/09/2026

    Европа го препозна успехот: Дајмонд Мол награден со две престижни признанија

    11/09/2026

    Мицкоски: За две години обезбедивме околу 1,4 милијарди евра странски инвестиции

    10/09/2026


    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.