Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Скопје»Ѓорѓиевски: Сите основни училишта во општина Кисела Вода добија фотоволтаици
    Скопје

    Ѓорѓиевски: Сите основни училишта во општина Кисела Вода добија фотоволтаици

    15/07/20252 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Со денешното ставање во функција на фотоволтаичниот систем во ООУ „Невена Георгиева Дуња“, Кисела Вода стана општина во која сите основни училишта располагаат со сопствени фотоволтаични системи.Проектот „Инвестиција во фотоволтаици, енергетска ефикасност, заштита на човекова околина“ се реализира преку Програмата за развој на планските региони. Инвеститор е Владата на Република Македонија преку Министерството за локална самоуправа и Бирото за регионален развој, а имплементатор е Центарот за развој на Скопскиот плански регион. Кофинансирањето за вкупно осум училишта, од кои седум се од општина Кисела Вода и едно од општина Зелениково, го обезбедува Општина Кисела Вода.

    Со овој проект постигнуваме значителни заштеди, но покрај финасиската ефикасност, ова е и дополнителна инвестиција во подигнување на еколошка свест. На нашите ученици им овозможуваме да растат со конкретни примери на грижа за животната средина. Наместо само да им зборуваме за екологија, им покажуваме што значи одговорност. Со проектот беше извршено проектирање и инсталација на мрежни он-грид фотоволтаични системи до 20 kW во сите основни училишта. Вкупната инсталирана моќност изнесува 140 kWh, а се очекува годишна заштеда од 160 MWh, што е намалување на потрошувачката за 70% до 80% по училиште и претставува 18% од вкупната потрошувачка на општината. Во време на економски и енергетски предизвици, вложуваме паметно, создавајќи училишта кои произведуваат зелена енергија, заштедуваат средства и образуваат генерации кои ќе бидат свесни за важноста на екологијата. Благодарност до Владата, Министерството, Бирото и Скопскиот плански регион за визијата и поддршката Сметам дека оваа стратегија треба да се прошири и во сите основни, но и во сте средни училишта на ниво на град Скопје, затоа што е пример како со мали вложувања можат да се постигнат големи и одржливи резултати, и за буџетот и за иднината на децата, изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

    Поврзани вести:

    Фондацијата „Скопје ЕПК 2028“ и Францускиот институт потпишаа меморандум за соработка

    Фондацијата „Скопје ЕПК 2028“ и Францускиот институт потпишаа меморандум за соработка

    Македонска песна и оро ќе одекнат на „Боемска“ во петок

    Македонска песна и оро ќе одекнат на „Боемска“ во петок

    Продолжува сагата со Луна паркот – раскинат договорот за изградба на забавен парк во Скопје

    Продолжува сагата со Луна паркот – раскинат договорот за изградба на забавен парк во Скопје

    Скопје домаќин на четвртиот Меѓународен конгрес на студентите по медицина и биомедицински науки

    Скопје домаќин на четвртиот Меѓународен конгрес на студентите по медицина и биомедицински науки

    Денес без електрична енергија остануваат делови од Кисела Вода и Ѓорче Петров

    Денес без електрична енергија остануваат делови од Кисела Вода и Ѓорче Петров

    Дел од Центар денеска без вода поради приклучување на нова водоводна мрежа

    Дел од Центар денеска без вода поради приклучување на нова водоводна мрежа

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Фондацијата „Скопје ЕПК 2028“ и Францускиот институт потпишаа меморандум за соработка

    15/10/2026

    Македонска песна и оро ќе одекнат на „Боемска“ во петок

    15/10/2026

    Продолжува сагата со Луна паркот – раскинат договорот за изградба на забавен парк во Скопје

    15/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.