Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Скопје»Герасимовски: ДУП „Барутана“ нема да оди пред Советот без решение за спорните прашања
    Скопје

    Герасимовски: ДУП „Барутана“ нема да оди пред Советот без решение за спорните прашања

    14/10/20263 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, порача дека нацрт деталниот урбанистички план „Барутана“ нема да биде ставен на дневен ред на Советот сè додека не се обезбеди законско и прифатливо решение за сите отворени прашања поврзани со планот.

    На брифинг со новинарите, Герасимовски објасни дека донесувањето нов план за ова подрачје е законска обврска на Општината, особено по укинувањето на претходниот план во 2025 година.

    „По укинувањето на планот во 2025 година, наша должност е да почнеме процедура за донесување нов. Тој процес го започнавме“, изјави Герасимовски.

    Тој нагласи дека за подрачјето на Водно мора да се постапува внимателно и дека покрај исполнувањето на формалните процедури, најважни се безбедноста, законитоста и интересот на граѓаните.

    „Сè додека не најдеме законско и прифатливо решение за сите отворени прашања, јас, како градоначалник, нема да предложам овој нацрт ДУП да биде ставен на дневен ред на Советот. За Водно мора да бидеме особено внимателни“, рече тој.

    Според Герасимовски, за нацрт-планот се добиени позитивни мислења од повеќе институции, меѓу кои Град Скопје, ЈП „Водовод и канализација“, Агенцијата за катастар на недвижности, Агенцијата за електронски комуникации, ЕСМ – Дистрибуција на топлина, Министерството за внатрешни работи и институциите од областа на животната средина.

    Позитивно мислење, како што информираше градоначалникот, дала и Дирекцијата за заштита и спасување, но тој потенцираше дека тоа не значи автоматско усвојување на планот.

    „Мислењата на институциите се важни, но за мене е подеднакво важно да ги отстраниме сите сомнежи околу стабилноста на теренот. Ќе ѝ наложиме на планерската куќа да нарача посебна студија од Градежниот факултет за процена на ризикот од ерозија, свлекување и нестабилност на падините“, додаде Герасимовски.

    Тој посочи дека со новиот нацрт-план се предвидува намалување на вкупната површина за градба од 43.429 на 29.439 квадратни метри, односно за 33,3 проценти, како и зголемување на зеленилото во градежните парцели од 20 на 40 проценти.

    Според него, со планот не се воведуваат нови градежни парцели, туку се задржуваат оние од претходната планска документација, со намалени градежни капацитети.

    Во однос на сообраќајното решение, Герасимовски најави нова јавна анкета, на која жителите повторно ќе можат да дадат забелешки и предлози, особено за предвидените улици и условите на теренот.
    Тој додаде дека Општина Центар нема да го расчистува теренот со свои средства, ниту ќе ја преземе обврската за финансирање на улиците предвидени со планот.

    „Ова е прва фаза. На крајот Град Скопје и Министерството за транспорт повторно ќе треба да дадат позитивно мислење. Потоа планот ќе оди на усвојување во Советот на Општина Центар“, рече Герасимовски.

    Нацрт-планот за Барутана беше изгласан на седница на Советот на Општина Центар на 14 јули 2026 година, а против него гласаа советници од повеќе политички групи.

    Поврзани вести:

    Општина Илинден ја подобрува патната инфраструктура во населените места

    Општина Илинден ја подобрува патната инфраструктура во населените места

    Продолжува генералката на Скопје, чистење на повеќе од 50 локации низ градот

    Продолжува генералката на Скопје, чистење на повеќе од 50 локации низ градот

    Дел од Крњево денеска без вода поради интервенција на водоводната мрежа

    Дел од Крњево денеска без вода поради интервенција на водоводната мрежа

    ЕВН најави прекини на електричната енергија во повеќе скопски населби

    ЕВН најави прекини на електричната енергија во повеќе скопски населби

    По години запуштеност, градските цвеќарници во Скопје повторно ќе оживеат

    По години запуштеност, градските цвеќарници во Скопје повторно ќе оживеат

    Ученици од скопското училиште „Браќа Миладиновци“ развиваат зелени иновации

    Ученици од скопското училиште „Браќа Миладиновци“ развиваат зелени иновации

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Општина Илинден ја подобрува патната инфраструктура во населените места

    14/10/2026

    Продолжува генералката на Скопје, чистење на повеќе од 50 локации низ градот

    14/10/2026

    Дел од Крњево денеска без вода поради интервенција на водоводната мрежа

    13/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.