Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Магазин»(ФОТО) „Летај галебе“ – музика што не престанува да дише
    Магазин

    (ФОТО) „Летај галебе“ – музика што не престанува да дише

    12/11/20253 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Синоќа, сцената на Националната опера и балет беше претворена во храм на сеќавањето и љубовта. Концертот „Летај галебе“, посветен на маестро Кире Костов, беше повеќе од вечер исполнета со музика – беше вечера со душата на еден човек што живее низ секој тон, секој стих, секој здив на публиката.

    Од првиот миг, кога музичарите се појавија на елегантната и топла сцена, во воздухот се почувствува нешто посебно. Како да ќе се случи чудо. И се случи.

    На големиот видео-бим се менуваа фотографии – Кире во младоста, Кире со труба, Кире пред клавирот, Кире со семејството, со насмевка што зборува повеќе од зборови. А зад сликите, неговата музика. Таа што не старее, не ќути и не заминува.

    Првиот што ја разбуди салата беше Драган Мијалковски – вечниот глас на македонската сцена. Публиката одушевено ја следеше секоја нота, како да ја допира историјата на нашата музика. Потоа ред се менуваа имиња, но заедничкиот именител беше ист – љубовта кон маестро Кире.
    Александар Тарабунов ја исполни „Синот божји“ со младешка сила и длабочина. Биба Додева ја разигра салата со „Штом се сака“. Елена Васова ја донесе „Бела птица“ со класична благородност, како симфонија што слетува на срце.

    Андријана Јаневска ја испеа „Само сеќавања“ – песна што вечерта ја обои со тивка болка.
    Ана Петановска, нежна и сигурна, со „Кој да ти каже“ и подоцна со „Твоите очи сине“, ја покажа вистинската сила на младоста кога е искрена.
    Бојана Скендеровски и Ламбе Алабаковски донесоа енергија што ја крена публиката на нозе, додека Сефедин Бајрамов и Елена Ристевска ја вплетеа носталгијата на охридските вечери и чувствата што болат, но не гаснат.

    А кога Влатко Лозановски ја запеа „Иконо моја“, времето застана. Во тие неколку минути, сè беше музика – и аплаузот, и тишината.
    Мустафа Имери со „Тајно моја“ ја отвори душата на вечерта и ја наполни со светлина.

    Концертот заврши со гласот на Сигија Маконами, која ја исполни „Кога те нема“ со толку емоција, што во салата немаше здив што не затрепери.

    На крајот, сите изведувачи се вратија на сцената. Публиката стоеше, аплаузот не престануваше. Како да сакаа сите тие звуци да ја стигнат до небото – таму каде што, можеби, Кире повторно ја диригира својата бескрајна симфонија.

    „Домот на Кире и Кармен беше храм на музиката,“ рекоа водителите Огнен Јаневки и Живкица Каленикова.
    Во тој храм растеле ќерките Ана и Нина, меѓу проби и концерти, а денес таму трчаат и внуките Елена и Марта – петте грации на маестро Кире, неговиот најубав оркестар.

    Кармен, неговата вечна инспирација, скромно стана на аплаузот. Без зборови, со поклон. Публиката возврати со стоечки поздрав – знак на благодарност, не само за неа, туку за сите што го чуваат пламенот на еден човек кој го претвори пулсот на народот во музика.

    Скопје синоќа не слушаше само концерт.
    Слушаше срце што сè уште чука во ритам на труба, пијано и љубов.
    И додека се растураше публиката, на платото пред НОБ уште одекнуваше еден глас, едно шепотење што сите го почувствуваа:

    „Летај, галебе… музиката никогаш не умира.“

    Поврзани вести:

    Кога љубовта станува товар: Однесувања што не треба да ги игнорирате

    Кога љубовта станува товар: Однесувања што не треба да ги игнорирате

    Дали одмрзнатото месо може повторно да се замрзне? Еве што треба да знаете

    Дали одмрзнатото месо може повторно да се замрзне? Еве што треба да знаете

    Клучот за подобра интимност е разговорот меѓу партнерите, а не глума како во филмовите

    Клучот за подобра интимност е разговорот меѓу партнерите, а не глума како во филмовите

    Пет грешки во интимноста кои жените ги мразат, а мажите не се свесни за тоа

    Пет грешки во интимноста кои жените ги мразат, а мажите не се свесни за тоа

    Тој е совршен во се, освен во кревет – дали врската може да опстане?

    Тој е совршен во се, освен во кревет – дали врската може да опстане?

    Дали вашиот пријател е заљубен во вас? Обратете внимание на овие сигнали

    Дали вашиот пријател е заљубен во вас? Обратете внимание на овие сигнали

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    воодушевување кармен костова кире костов концерт летај галебе невиден оригинален концерт публика
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Кога љубовта станува товар: Однесувања што не треба да ги игнорирате

    01/10/2026

    Дали одмрзнатото месо може повторно да се замрзне? Еве што треба да знаете

    30/09/2026

    Клучот за подобра интимност е разговорот меѓу партнерите, а не глума како во филмовите

    30/09/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.