Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Магазин»Германските пиварници исчезнуваат: Најнизок број во последната деценија
    Магазин

    Германските пиварници исчезнуваат: Најнизок број во последната деценија

    04/08/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Германија бележи нов пад на бројот на пиварници, а традиционалната пиварска индустрија се соочува со сè поголеми предизвици поради намалената потрошувачка и растот на трошоците.

    Според податоците на Федералниот завод за статистика, во 2025 година во земјата работеле 1.415 пиварници, што е за 53 помалку во однос на претходната година и најниско ниво од 2016 година.

    Во споредба со 2019 година, кога Германија имала рекордни 1.552 пиварници, бројот на активни производители е намален за 137 компании. Статистичарите оценуваат дека главна причина за овој тренд е падот на продажбата на пиво.

    Минатата година во Германија биле продадени околу 7,8 милијарди литри пиво, што претставува пад од шест проценти во однос на претходната година и речиси 16 проценти помалку во споредба со 2019 година.

    Иако безалкохолното пиво бележи раст на популарноста, неговата продажба сè уште не е доволна за да го надомести падот на класичното пиво.

    Извршниот директор на Германското здружение на пивари, Холгер Ајхеле, посочи дека индустријата се соочува со тешки економски услови, предизвикани од слабата потрошувачка, инфлацијата, економската и политичката неизвесност, но и од фактот дека младите генерации во просек пијат помалку алкохол.

    Повеќе од половина од германските пиварници се мали производители со годишно производство до 100.000 литри. Во исто време, минатата година само осум пиварници произвеле повеќе од 200 милиони литри пиво.

    Според статистичките податоци, бројот на пиварници е намален во речиси сите категории на производители.

    Поврзани вести:

    Дали големината на носот открива нешто повеќе за надареноста: Научниците имаат став

    Дали големината на носот открива нешто повеќе за надареноста: Научниците имаат став

    Светот купува помалку телефони: Продажбата падна за 20 отсто

    Светот купува помалку телефони: Продажбата падна за 20 отсто

    Дали е здраво да се спие со градник? Експертите го откриваат одговорот

    Дали е здраво да се спие со градник? Експертите го откриваат одговорот

    Психолозите предупредуваат: Како тивко се губите себеси во врска со нарцис

    Психолозите предупредуваат: Како тивко се губите себеси во врска со нарцис

    Хакери прикажале експлицитни видеа на рекламни екрани во повеќе држави, тврдат дека откриле сериозен безбедносен пропуст

    Хакери прикажале експлицитни видеа на рекламни екрани во повеќе држави, тврдат дека откриле сериозен безбедносен пропуст

    Колешката му „фрлила“ мерак на колегата: Пет знаци кои ги покажуваат тоа

    Колешката му „фрлила“ мерак на колегата: Пет знаци кои ги покажуваат тоа

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Дали големината на носот открива нешто повеќе за надареноста: Научниците имаат став

    07/11/2026

    Светот купува помалку телефони: Продажбата падна за 20 отсто

    05/11/2026

    Дали е здраво да се спие со градник? Експертите го откриваат одговорот

    05/11/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.