Омилениот комичар на многумина, Еди Марфи, во ретко интервју, проговорил за својата петдецениска кариера и одгледувањето десет деца.
Култниот комичар ја обележа холивудската сцена со својот добро познат хумор, енергија и харизма уште од 80-тите години. Неговото патување започна во Њујорк каде што работел како комичар, а стана светска ѕвезда со која пораснаа генерации.
– Мојот најважен благослов е што се сакам себеси. Отсекогаш се сакав себеси, отсекогаш сум бил свој најголем обожавател. Тоа е во срцето на сите одлуки што ги донесувате. Некои луѓе го поминуваат целиот свој живот и доаѓаат до крајот и велат: „Конечно се сакам себеси“. Така почнав – Еди Марфи ја започнува приказната за People.
Марфи првпат се здоби со слава во 80-тите како млад комичар во „Saturday Night Live“, пред да постигне низа рани успеси на бокс-офисот како „48 часа“, „Полицаец од Беверли Хилс“, „Градинката на таткото“ и многу други.
Трагедија на почетокот на животот
Марфи бил мало дете кога неговиот татко, Чарлс, бил убиен од жената со која се гледал. Трагедијата несомнено оставила трага во неговиот живот.
– Сигурен сум дека ме погоди на многу различни начини. Имаше многу траума, а тие работи нè обликуваат.
View this post on Instagram
Неговата мајка се премажи за Вернон Линч, кој многу му значел на актерот:
– Мајка ми се омажи за неверојатен, солиден човек кој ги внесе сите вистински работи во мене. Тоа е клучно. Прави огромна разлика.
До тинејџерските години, Марфи бил мајстор имитатор и бил убеден дека ќе биде ѕвезда. Успехот на сцената на стендап клубовите во Њујорк го довела до место на SNL, а не долго потоа, го привлекла големата филмска сцена.
Има десет деца
Денес, големото семејство што го создал за себе е неговиот најголем адут. Првпат се оженил во 1993 година со актерката Никол Мишел, со која има пет деца. Се развеле по 13 години, во 2006 година. Марфи има три деца од други врски, а уште две добил од бракот со актерката Пејџ Бучер.
View this post on Instagram
Денес, неговите деца се на возраст од 36 до 6 години, и како што вели тој, никогаш не помислил дека ќе има толку многу деца.
– Едноставно се случи. Никогаш не знаев дека ќе имам десет деца, но сега е најдоброто нешто досега. Ако можете да си дозволите толку многу деца, треба да имате колку што можете да си дозволите. Тоа е забавно.
Порано оваа година, актерот присуствувал на свадбата на синот Ерик, 36, кој се оженил со ќерката на комичарот Мартин Лоренс, 29-годишната Јасмин.
Фото: Принтскрин/Instagram
