Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Политика»Филипче без кочници се додворува на Софија и нуди уставни измени на брза лента, велат од ВМРО-ДПМНЕ
    Политика

    Филипче без кочници се додворува на Софија и нуди уставни измени на брза лента, велат од ВМРО-ДПМНЕ

    09/05/20263 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    ВМРО-ДПМНЕ упати остри критики кон лидерот на СДСМ, Венко Филипче, обвинувајќи го дека е подготвен на нови национални отстапки и дека се „додворува“ на Бугарија преку своите јавни настапи.

    „Венко Филипче е без рбет и со секоја своја изјава докажува дека за него и СДС не постојат никакви црвени линии кога станува збор за националните интереси. Изминатиот период Филипче постојано се обидуваше да се доближи и се додворуваше на Бугарија преку давање изјави во јавноста, кои се спротивни на официјалните ставови на Софија, а во врска со македонскиот идентитет. Вчера, по половина час откако се формираше новата бугарска влада, Филипче не издржа и итсрча прв да честита со објава на социјалните мрежи во која за сопствената држава вели дека создавала вештачки конфликти со соседите. По телевизиски настапи, Филипче, освен што потврдува дека е спремен да исполнува агенди на туѓи земји, продава и приказни за Европа и вели дека уставните измени би ги потпишал веднаш, без гаранција за Македонија дека ова е последна пречка на евроинтегративниот пат“, пишуваат од партијата во своето утринско соопштениет.

    ВМРО-ДПМНЕ ги спомена и Преспанскиот договор, Договорот со Бугарија и Францускиот предлог. Оцени дека тие се „печат“ на владеењето на СДСМ и дека, според нив, ја довеле државата да биде мета на уцени, блокади и билатерални спорови, а Филипче и сега од позиција на опозиција, продолжува да тврди дека тоа биле успеси.

    „По Заев и Ковачевски, Филипче е третиот во низата од СДС, кој е подготвен да прави национални отстапки, затоа што единствена константа во СДС е борбата за власт, а во моментов со Филипче и за опстанок. Додека од Бихаќка ја продаваат приказната за европска ориентација, паралелно се обидуваат да ги контролираат критиките на нивните социјалните мрежи, и да создадат некој впечаток дека нивниот ‘проевропски наратив’ е конзистентен со нивните постапки“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

    Партијата упати и обвинувања за, како што велат, „проруски релации“ на СДСМ.

    „Тука се примерите со Онишченко, на кого Заев и Филипче му дадоа македонско државјанство, Борче Марковски, почесен конзул на Белорусија во земјава, земја блиска до руската политика, кој доби 77 тендери од владата на СДС, како и Миодраг Давидовиќ Дака, за кој еден ден по формирањето на владата во 2020 година, менуваа ДУП во Тетово за проект во вредност од 200 милиони евра. Филипче се продава и на домашна и на меѓународна сцена, по телевизиски настапи се однесува како да седнал во премиерска фотелја , а не како да е опозиција и пред исчезнување од политиката, и како само тој да е едниствениот кој го знае патот до ЕУ, додека СДС секој ден губи гласови, за што една од причините е и релативизирање на македонскиот идентиет како и предавничките политики, и со ова темпо, за брзо време, ќе стане маргинализирана партија“, се наведува во партиското соопштение.

    Поврзани вести:

    СДСМ ја одби платформата „12:05“: Ги обвини иницијаторите за обид за слабеење на опозицијата

    СДСМ ја одби платформата „12:05“: Ги обвини иницијаторите за обид за слабеење на опозицијата

    Мицкоски и Јаневска ќе го пуштат во употреба реконструираниот дом „Стив Наумов“

    Мицкоски и Јаневска ќе го пуштат во употреба реконструираниот дом „Стив Наумов“

    Мицкоски најави нов бран кадровски промени во Владата

    Мицкоски најави нов бран кадровски промени во Владата

    Мицкоски: Економијата расте, резултатите треба да ги почувствуваат граѓаните

    Мицкоски: Економијата расте, резултатите треба да ги почувствуваат граѓаните

    ВМРО-ДПМНЕ: Филипче не успеа да го направи СДС опозиција

    ВМРО-ДПМНЕ: Филипче не успеа да го направи СДС опозиција

    СДСМ со критики до Мицкоски: Ја понижи државата со изјавата дека Македонија треба да стане сериозна

    СДСМ со критики до Мицкоски: Ја понижи државата со изјавата дека Македонија треба да стане сериозна

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    вмро дпмне сдсм софија филипче
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    СДСМ ја одби платформата „12:05“: Ги обвини иницијаторите за обид за слабеење на опозицијата

    02/10/2026

    Мицкоски и Јаневска ќе го пуштат во употреба реконструираниот дом „Стив Наумов“

    30/09/2026

    Мицкоски најави нов бран кадровски промени во Владата

    29/09/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.