Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Некатегоризирано»„F_AI_LLE“ – современ танц и вештачка интелигенција го отвораат Месецот на франкофонијата
    Некатегоризирано

    „F_AI_LLE“ – современ танц и вештачка интелигенција го отвораат Месецот на франкофонијата

    06/03/20261 Min Прочитај
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Месецот на франкофонијата годинава ќе започне со танцовата претстава „F_AI_LLE“ на француската трупа K.Danse. Настанот е во организација на Францускиот институт во Скопје и Танц-Фест, а изведбата ќе се одржи на 10 март 2026 година во 20 часот во Македонскиот народен театар.

    „F_AI_LLE“ е повеќе од танцова претстава – станува збор за интерактивна инсталација што го истражува односот меѓу човечкото тело и вештачката интелигенција. Делото се движи на границата меѓу современиот танц и дигиталните технологии, преиспитувајќи ја нашата врска со нормите, креативноста и технолошките системи.

    Публиката не е само набљудувач, туку активен учесник – секој станува ко-креатор на уникатно уметничко искуство кое се менува во зависност од движењето и интеракцијата со дигиталниот простор.

    Во рамки на гостувањето, од 9 до 13 март ќе се одржат работилници во Скопје, Битола, Куманово и Тетово, под водство на кореографот Жан-Марк Матос. Работилниците се наменети за танчери, млади изведувачи и наставници по француски јазик.

    Проектот е поддржан во рамките на програмата FEF „Дигитални уметности“ и има цел да ја афирмира современата франкофонска продукција, како и да ги продлабочи културните врски меѓу Франција и Северна Македонија.

    Поврзани вести:

    Промовирана ЕкоСкопје – паметна еко-платформа создадена од млади за пријавување еколошки проблеми

    Промовирана ЕкоСкопје – паметна еко-платформа создадена од млади за пријавување еколошки проблеми

    Македонија реагира: Изјавите на бугарски функционери се навредливи и провокативни

    Македонија реагира: Изјавите на бугарски функционери се навредливи и провокативни

    Запленети осум тони небезбедна храна, АХВ најавува двојно повисоки казни за прекршителите

    Запленети осум тони небезбедна храна, АХВ најавува двојно повисоки казни за прекршителите

    Ви пишува, па исчезнува? Експертите предупредуваат на феноменот „breadcrumbing“

    Ви пишува, па исчезнува? Експертите предупредуваат на феноменот „breadcrumbing“

    Тензии во Тирана: Продолжија судирите меѓу демонстрантите и полицијата, има приведени

    Тензии во Тирана: Продолжија судирите меѓу демонстрантите и полицијата, има приведени

    Ѓорѓиевски објави фотографија со Мицкоски: Работиме и за празник

    Ѓорѓиевски објави фотографија со Мицкоски: Работиме и за празник

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Битола вештачка интелигенција куманово скопје тетово уметност
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Промовирана ЕкоСкопје – паметна еко-платформа создадена од млади за пријавување еколошки проблеми

    20/10/2026

    Делови од Гази Баба и Илинден денеска без струја

    20/10/2026

    Ѓорѓиевски: Скопје заслужува модерна зоолошка градина со европски стандарди

    19/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.