Во Европскиот парламент траат разговори околу гласање за недоверба на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Европратеникот Џордан Бардела, лидер на „Патриоти за Европа”, ја обвини Фон дер Лајен за „трговско предавање на Европа”, истакнувајќи дека договорите со САД се симболи на падот на ЕУ под нејзино водство. Манон Обри од Левица остро ја критикуваше претседателката на ЕК дека луѓето страдаат поради мерките за штедење, а таа има пари за тенкови, но не и за болници. Според неа, дури 60 проценти од граѓаните на ЕУ сакаат Фон дер Лајен да ја напушти Комисијата. Во своето обраќање, Урсула фон дер Лајен предупреди дека светот во моментов е во опасен момент и го обвини рускиот претседател Владимир Путин дека користи дезинформации и внатрешни поделби за да ја ослабне ЕУ.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
