Делегацијата на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент денеска во Белград на средби со потпретседателката на Парламентот Елвира Ковач, а потоа одделно со членовите на опозицијата и парламентарното мнозинство.
Делегацијата од девет члена на Европскиот парламент, предводена од португалската европратеничка Марта Темидо, нема да биде примена од српскиот претседател Александар Вучиќ и претседателката на парламентот Ана Брнабиќ, кои се надвор од земјата.
Претходно, Брнабиќ тврдеше дека европратениците не ја информирале навреме за посетата и дека немало консултации во врска со датумот, што Европскиот парламент го негираше.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
