Дел од жителите на скопските општини Аеродром и Чаир денеска ќе останат без електрична енергија поради планирани технички интервенции на електродистрибутивната мрежа, соопшти ЕВН Македонија.
Во општина Аеродром, од 08:00 до 15:30 часот, без струја ќе бидат корисниците на улицата „Тодор Чангов“ број 49.
Во општина Чаир, прекин во снабдувањето со електрична енергија ќе има од 08:30 до 11:15 часот. Без струја ќе останат дел од корисниците на булеварот „Македонско-косовска бригада“ и улицата „Методија Митевски“, поради работи во трафостаницата „Топаанско Поле 11“.
Од ЕВН Македонија посочуваат дека прекините се планирани за реализација на работни активности и одржување на електродистрибутивната мрежа.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
