Одлуката на албанскиот парламент да го одбие барањето на Специјалното обвинителство против корупција да и се одземе пратеничкиот имунитет на Белинда Балуку предизвика реакции од Брисел и од неколку западни амбасади. ЕУ нагласи дека владеењето на правото и борбата против корупцијата се клучни за напредокот на Албанија на патот кон Унијата.
Албанскиот премиер Еди Рама возврати дека одлуката на парламентот е оправдана: „Секој парламент во Европа би го сторил тоа”, порача тој.
Инаку, Обвинителството ја сомничи пратеничката за корупција и бараше можност за нејзино апсење.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
