Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Економија»Енергетска обнова на јавните објекти: Од „енергетски трошачи“ до самоодржливи системи
    Економија

    Енергетска обнова на јавните објекти: Од „енергетски трошачи“ до самоодржливи системи

    28/01/20263 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Македонските јавни институции влегуваат во фаза на најмасовна и најсистемска енергетска трансформација досега. По децении во кои јавните згради беа синоним за нерационално трошење на буџетските средства и високи емисии на штетни честички, новата стратегија на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС) најавува пресврт. Во последното интервју објавено во kapital.mk, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска јасно ги зацрта приоритетите за 2026 година, ставајќи го акцентот и на Планот за реконструкција на зградите на јавниот сектор (2025–2028). Планот за првпат во историјата на независна Македонија воведува строга, тригодишна рамка за енергетска обнова на вкупно 14 згради во кои функционираат 33 клучни институции.

    Јавните згради во Македонија предолго беа меѓу најголемите енергетски потрошувачи и извори на емисии што го нарушуваат квалитетот на воздухот во нашите градови. Со новиот тригодишен план за енергетска обнова, ние не само што ја менуваме нивната ефикасност, туку ја третираме оваа промена како суштинска економска реформа. Нашата цел е јасна: енергетската ефикасност да престане да биде само кампања и да стане траен стандард кој ќе донесе реални заштеди за граѓаните и државата“, вели во интервјуто министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска

    Планот поставува јасна рамка за обнова и модернизација, а процесот се води како координирана институционална реформа, со усогласување со 33 институции. Наместо пристап „од случај до случај“, документот отвора системски модел во кој реконструкцијата се врзува за конкретни цели како намалување на потрошувачката, пониски трошоци и подобри услови за работа, со директно влијание врз квалитетот на воздухот во градовите.

    Јавниот сектор се движи и во насока на мерки што се обврска според законската рамка, секоја година да се реконструираат најмалку 3% од вкупната корисна подна површина на јавните згради, при што мерките за енергетска ефикасност стануваат задолжителен дел од секоја реконструкција.

    Министерката во интервјуто посочува дека со Годишниот план за 2025 година, за првпат системски се отвора простор паралелно со новите производствени капацитети да се развива и инфраструктура за балансирање, преку интегрирани батериски системи во рамки на фотоволтаичните централи и посебни, изолирани складишта со голема инсталирана моќност. Вкупната инвестиција за овој сегмент е проценета на над 53 милиони евра, со вкупен складиштен капацитет од 2.146,041 MW. Истовремено, Годишниот план ја воведува логиката на предвидливо планирање на развојот на системот, со координација со операторите на пренос и дистрибуција, и со јасно дефинирани приоритети за изградба и модернизација на енергетските капацитети. Во јавните бројки за планот се наведува дека опфатот е исклучително широк, со 481 планиран објект и вкупна инсталирана моќност од 1.265,89 MW, при што доминираат фотоволтаичните капацитети. Во таа рамка, јавните институции не се третираат само како потрошувачи што треба да воведат енергетска ефикаснот, туку како дел од пофлексибилен систем за управување со енергијата, кој подобро се справува со варијабилноста на производството и пазарните осцилации.

    Поврзани вести:

    Николоски: Над 5 милијарди евра инвестиции во коридорите 8 и 10

    Николоски: Над 5 милијарди евра инвестиции во коридорите 8 и 10

    Бензините поевтинија за пет денари, дизелот останува со иста цена

    Бензините поевтинија за пет денари, дизелот останува со иста цена

    РКЕ денес одлучува за новите цени на бензинот и дизелот

    РКЕ денес одлучува за новите цени на бензинот и дизелот

    УЈП почна проверки на приливите од странство за 2021 година

    УЈП почна проверки на приливите од странство за 2021 година

    „Се гледа крајот“: Николоски објави нови детали од изградбата на автопатот Охрид – Кичево

    „Се гледа крајот“: Николоски објави нови детали од изградбата на автопатот Охрид – Кичево

    МЕПСО бара зголемување на тарифата за пренос на струја за речиси 98 проценти

    МЕПСО бара зголемување на тарифата за пренос на струја за речиси 98 проценти

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Николоски: Над 5 милијарди евра инвестиции во коридорите 8 и 10

    26/10/2026

    Бензините поевтинија за пет денари, дизелот останува со иста цена

    26/10/2026

    РКЕ денес одлучува за новите цени на бензинот и дизелот

    26/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.