Трилатерална конференција посветена на унапредување на вклучувањето на лицата со попреченост и зајакнување на регионалната соработка за одржлив развој се одржува денеска во Скопје. Проектот е финансиран од страна на Сојузното министерство за економска соработка и развој на Германија, а
конференција на едно место ги собира претставниците на релевантните министерства, организации на лица со попреченост, експерти и приватниот сектор од Македонија, Албанија и Косово.
Целите се промоција на учеството на лицата со попреченост во креирањето политики и институционални реформи, поттикнување на хармонизацијата на законодавството со Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост, јакнење на регионалната соработка и мрежите за застапување за размена на знаење и добри практики.

