Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Скопје»ДЗР со сериозни забелешки за работењето на Паркинзи на Општина Центар
    Скопје

    ДЗР со сериозни забелешки за работењето на Паркинзи на Општина Центар

    16/07/20263 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Државниот завод за ревизија (ДЗР) даде неповолно мислење за финансиските извештаи на Јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“ (ПОЦ) за 2024 година, при што утврди низа сериозни слабости во финансиското работење и управувањето со средствата.

    Освен неповолното мислење за точноста и објективноста на финансиските извештаи, ревизорите изразиле и мислење со резерва во однос на усогласеноста на работењето на претпријатието со законските прописи.

    Во извештајот на ДЗР се наведува дека ПОЦ неправилно ја евидентирало опремата и градежните објекти, вклучително паркомати, монтажни конструкции, киоск-системи и друга урбана опрема. Ревизорите констатирале и дека не била пресметана амортизација за материјалните средства ставени во употреба во текот на 2024 година.

    Дополнителен проблем е што претпријатието немало усвоено сметководствени политики, завршните книжења не биле направени во законскиот рок, а трговските книги не биле заклучени, што оставало можност за последователни измени на податоците.

    Според ревизорскиот извештај, ПОЦ има побарувања во вредност од 80,1 милион денари, односно околу 1,3 милиони евра. Од нив, повеќе од 20,4 милиони денари или околу 332 илјади евра се побарувања постари од шест години, за кои не биле преземени навремени активности за наплата, ниту пак било извршено нивно обезвреднување.

    ДЗР утврдил неправилности и при отписот на побарувања од физички лица во вредност над 2,2 милиони денари. За овој износ не бил пресметан и платен данок на личен доход, со што, според ревизорите, државниот буџет бил оштетен за околу 247 илјади денари.

    Забелешки има и во делот на исплатата на платите, бидејќи бил применуван правилник кој не бил усогласен со законската регулатива и со Општиот колективен договор за јавниот сектор.

    Ревизорите посочиле слабости и во благајничкото работење. Имено, немало интерен акт за управување со готовината, не се водел благајнички дневник, а не биле воспоставени ниту соодветни мерки за заштита на финансиските средства. Дополнително, внатрешната ревизија функционирала без стратешки и годишен план.

    Еден од посериозните наоди се однесува на неплатените обврски за комунална такса. До крајот на 2024 година, ПОЦ имало долг од 86,3 милиони денари, односно околу 1,4 милиони евра, средства кои не биле уплатени во Буџетот на Општина Центар. Најголем дел од долгот се однесува на периодот од 2019 до 2023 година.

    ДЗР утврдил недостатоци и во постапките за јавни набавки. Во дел од тендерите биле поставувани услови кои не биле соодветни и пропорционални, биле прифаќани понуди над проценетата вредност без доволна анализа и обезбедени средства, а техничките спецификации биле недоволно јасни.

    Ревизорите констатирале и доцнење при објавувањето на известувањата за склучени договори во електронскиот систем за јавни набавки, што претставува дополнителна слабост во транспарентноста на работењето на претпријатието.

    Поврзани вести:

    Целосна реконструкција на улиците „Бутелска“ и „Радишанска“ со изградба на нова атмосферска канализација

    Целосна реконструкција на улиците „Бутелска“ и „Радишанска“ со изградба на нова атмосферска канализација

    Ѓорче Петров ќе ги користи искуствата на Кисела Вода за превенција од детско престапништво

    Ѓорче Петров ќе ги користи искуствата на Кисела Вода за превенција од детско престапништво

    Со хуманитарен одбојкарски натпревар и музичка програма одбележан патрониот празник на ООУ „Петар Поп Арсов“ во Карпош 4

    Со хуманитарен одбојкарски натпревар и музичка програма одбележан патрониот празник на ООУ „Петар Поп Арсов“ во Карпош 4

    Жителите на Центар со свои предлози ќе учествуваат во креирањето на новиот ЛЕАП

    Жителите на Центар со свои предлози ќе учествуваат во креирањето на новиот ЛЕАП

    Во петок нема да работат шалтерите за наплата на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје

    Во петок нема да работат шалтерите за наплата на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје

    Ѓорѓиевски: Младите мора да имаат вистинско место во креирањето на локалните политики

    Ѓорѓиевски: Младите мора да имаат вистинско место во креирањето на локалните политики

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Целосна реконструкција на улиците „Бутелска“ и „Радишанска“ со изградба на нова атмосферска канализација

    22/10/2026

    Ѓорче Петров ќе ги користи искуствата на Кисела Вода за превенција од детско престапништво

    22/10/2026

    Со хуманитарен одбојкарски натпревар и музичка програма одбележан патрониот празник на ООУ „Петар Поп Арсов“ во Карпош 4

    22/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.